Македонски државјани кои се наоѓаат во Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин, а побарале да бидат евакуирани, денеска од Ријад ќе се вратат во земјава со специјален лет организиран од Владата.
За евакуацијатa од Ријад се пријавени 153 патници. Од нив, 96 се од Катар, 33 од Кувајт, 15 од Бахреин и 9 од Саудиска Арабија.
Имајќи предвид дека нашата земја нема склучено договор за воздушен сообраќај со Кралството Саудиска Арабија, предвидено е авионот да слета на аеродромот во Приштина, по што ќе биде организиран превоз за патниците до Скопје, соопштија од Министерството за надворешни работи.
Целата организација на летовите, вклучително и сите поврзани трошоци, се покриени од страна на Владата.
Слични новости
Од полноќ нови цени на горивата по одлуката на владата за намалување на ДДВ од 18 на 10 насто
Владата на вонредна седница донесе одлука да се намали данокот на додадена вредност (ДДВ) на бензините и дизел горивото од 18 отсто на 10 отсто.
Со тоа владата очекува цената на бензините да остане иста односно непроменета, а цената на дизелот да се зголеми околу 3,5 денари по литар
Фонд за здравство: Голем број полицајци отвориле лажни боледувања
Бројни неправилности утврдиле контролите на ФЗО во Министерството за внатрешни работи. Се проверувале 80 службеници во МВР кои имале отворено вкупно 514 боледувања.
Одуката за прогласување на кризна состојба е објавена во „Службен весник“
Одлуката беше донесена на вчерашната вонредна владина седница, а поради „можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на целата држава“.


