Македонски државјани кои се наоѓаат во Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин, а побарале да бидат евакуирани, денеска од Ријад ќе се вратат во земјава со специјален лет организиран од Владата.
За евакуацијатa од Ријад се пријавени 153 патници. Од нив, 96 се од Катар, 33 од Кувајт, 15 од Бахреин и 9 од Саудиска Арабија.
Имајќи предвид дека нашата земја нема склучено договор за воздушен сообраќај со Кралството Саудиска Арабија, предвидено е авионот да слета на аеродромот во Приштина, по што ќе биде организиран превоз за патниците до Скопје, соопштија од Министерството за надворешни работи.
Целата организација на летовите, вклучително и сите поврзани трошоци, се покриени од страна на Владата.
Слични новости
МВР поднесе кривична пријава против градоначалникот на Струга
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека е поднесена кривична пријава против градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура за „несовесно работење во службата“.
ЕУ почнува преговори за укинување на роаминг трошоците за Западен Балкан
Граѓаните од земјите од Западен Балкан ќе можат да се јавуваат, да испраќаат СМС-пораки и да користат мобилни податоци во Европа по иста цена како дома,
Од недела сончево и потопло време
На почетокот на новата работна недела ќе продолжи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Утринските температури ќе бидат од -1 до 7 степени, додека дневните ќе се движат од 16 до 24 степени.


