„Ќе излезам од формалниот дипломатски речник. Од претседателката добив совет, веќе следната недела нашиот министер за надворешни работи е во Софија причина за тоа  е Коридорот 8, да побараме од домаќинот средба на билатерална основа.

Јас веднаш побарав од министерот да испрати дипломатска нота и да побара време за средба и состанок со неговата колешка и да почнеме процесот од некаде да го движиме“, рече премиерот Мицкоски по средбата со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен.

Иницијативата за билатерална средба Скопје-Софија дошла од фон дер Лајен која сака да се деблокира евроинтегративниот процес на Македонија. Таа во Скопје порача дека кога ќе се деблокира евроинтегративниот процес на Македонија ќе може да се дејствува брзо, затоа што интензивно се работи на реформите.

Слични новости

Мицкоски во Њујорк разговарал со државниот секретар на САД Марко Рубио

Мицкоски во Њујорк разговарал со државниот секретар на САД Марко Рубио

Во Њујорк разговарав со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио.Овие разговори имаат особено значење и претставуваат потврда на важноста на стратешкото партнерство и континуираниот политички дијалог со Соединетите Американски Држави.