Во извештајот за перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешенал, Македонија доби 40 поени, што значи дека земјата се смета за држава каде што корупцијата е значајно присутна. Ист број на поени 40 Македонија имаше и лани.

Сепак од 182 земји, Македонија годинава е на 84-тото место, за разлика од лани кога со истиот број поени беше 88-ма.

Според рангирањето Северна Македонија е во друштво со Бугарија, Танзанија, Унгарија, Куба, Буркина Фасо и Гвајана. Од земјите во регионот подобро рангирани се Косово, кое се најде на 76 место и Црна Гора која со 46 поени е на 65 место.

Полошо од нас се рангирани Босна и Херцеговина која го има 109 место и Србија која со 33 поени падна на 116 место.

Слични новости

Од недела сончево и потопло време

Од недела сончево и потопло време

На почетокот на новата работна недела ќе продолжи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Утринските температури ќе бидат од -1 до 7 степени, додека дневните ќе се движат од 16 до 24 степени.