На 8 септември 1991 година, граѓаните на Македонија на историскиот референдум со убедливо „за“ ја потврдија волјата за суверена и самостојна држава.

Референдумското изјаснување претставуваше пресвртница со која започна процесот на создавање независна македонска држава и воспоставување сопствени институции, дипломатска мрежа, безбедносен систем и економски политики.

Три и пол децении подоцна, 35 години независност сведочат за долг и турбулентен пат исполнет со политички пресврти, безбедносни предизвици, тешки компромиси и борба за меѓународна афирмација.

Од мирното осамостојување и членството во Обединетите нации, преку конфликтот во 2001 година и Преспанскиот договор, до членството во НАТО, историјата на независната држава е приказна за градење институции, зачувување на стабилноста и остварување на стратешките цели.

Слични новости

Бугарија враќа 19 тони македонски јаболка

Бугарија враќа 19 тони македонски јаболка

Бугарската агенција за безбедност на храната забранила увоз на пратка од 19.350 килограми јаболка од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестициди над максимално дозволените законски граници.