Вечерва во Италија официјално ќе бидат отворени 25. Зимски олимписки игри (ЗОИ) Милано – Кортина 2026. На ЗОИ 2026 ќе настапат околу 2 900 спортисти од над 90 земји, а четиричлениот македонски олимписки тим го сочинуваат скијачите Јана Атанасовска и Виктор Петков, како и нордијците Ставре Јада и Ана Цветановска.

Главната церемонија на свеченото отворање ќе почне вечерва во 20 часот на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано.

Македонскиот олимписки тим во Италија е составен од најдобрите спортисти во своите дисциплини. Најмладата македонска натпреварувачка и рекордерка во алпско скијање, 19-годишната Јана Атанасовска ќе се натпреварува во слалом и велеслалом, а во овие две дисциплини во машката конкуренција ќе настапи и 26-годишниот Петков.

Слични новости

СДСМ : Мицкоски како уличар и се заканува на опозицијата со прогон

СДСМ : Мицкоски како уличар и се заканува на опозицијата со прогон

СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека со неговите јавни изјави за можни идни судски процеси против поранешни функционери на опозицијата испраќа политички пораки и врши притисок врз правосудството.