Средствата наменети за стимулирање на Реформите во Западен Балкан, Европската комисија планира да ги пренамени и да ги насочи кон земјите кои се на чело на процесот на пристапување кон Европската Унија. Црна Гора, Албанија и Македонија треба да добијат поголем дел од финансискиот колач, додека другите земји во регионот се соочуваат со последици поради доцнење во спроведувањето на реформите, пренесува Еуроњуз.
Инструментот го опфаќа периодот 2024-2027 година, со амбиција за удвојување на големината на економиите на Западен Балкан во следната деценија.
Според податоците на Комисијата, само околу 673 милиони евра се ослободени во рамките на програмата, од достапните шест милијарди евра. Речиси сите тие средства се наменети само за три од шесте земји кандидати.
Слични новости
ДУИ бара оставка од директорот на Јазичниот инспекторат
ДУИ побара оставка од директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, обвинувајќи дека институцијата не реагирала по наводни прекршувања на законската обврска за употреба на албанскиот јазик.
Собранието ќе одлучува за продолжување на кризната состојба – Владата предложи мерката да трае до 20 октомври
Пратениците денеска ќе расправаат за Предлог одлуката за продолжување на кризната состојба поради можни нарушувања во снабдување со нафта и нафтени деривати. Според предлогот на Владата, мерката треба да важи од 21 јули до 20 октомври.
Претседателката на Индија во посета на Македонија – посебен сообраќаен режим во Скопје
Претседателката на Индија, Друпади Мурму од денеска до 23 јули ќе престојува во официјална посета на Македонија, поради што Скопје ќе биде под посебен режим на сообраќај, соопшти МВР.


