Репрезентацијата на Македонија одигра 0:0 и успеа да извлече бод на тешкото гостување во Гент против Белгија, со што остана на чело на групата Ј во квалификациите за Светското првенство во фудбал. Спортските медиуми во Европа известуваат дека резултат е сосема неочекуван, со оглед на тоа колку изразит фаворит беше Белгија пред натпреварот.

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Боби МИлевски по натпреварот изјави дека неговиот тим извлече максимум од натпреварот и дека беше задоволен од дефанзивата на македонската селекција, но беше незадоволен од организацијата на играта.

Македонските репрезентативци денеска се враќаат во Скопје, а во понеделник играат на домашен терен против Казахстан. Македонија по шест кола е непоразена и е на чело на групата Ј со три победи и три нерешени и вкупно 12 бодови, Белгија е втора со три победи, две нерешени и 11 бодови , но и натпревар помалку, а трет на табелата е Велс со три победи, реми и пораз.  

 

Слични новости

Американскиот Сенат блокираше резолуција што ќе го спречеше Трамп да ја нападне Венецуела

Американскиот Сенат блокираше резолуција што ќе го спречеше Трамп да ја нападне Венецуела

Републиканците во американскиот Сенат во четвртокот блокираа резолуција што ќе го спречише претседателот Доналд Трамп да ја нападне Венецуела без одобрение од Конгресот, еден ден откако претставници на администрацијата им кажаа на пратениците дека Вашингтон нема моментални планови да ја нападне Венецуел