Синоќа се одржа седница на Советот за безбедност на Македонија со којашто претседаваше претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а присуствуваа сите членови на Советот за безбедност вклучувајќи ги Африм Гаши, претседател на Собранието, Христијан Мицкоски, претседател на Владата, Панче Тошковски министер за внатрешни работи и Владо Мисајловски, министер за одбрана.
Седницата беше фокусирана на безбедносната состојба во земјава по воените дејствија на САД и Израел кон Иран и иранските кон земјите во Персискиот залив, во коишто има американски бази.
Беа презентирани податоци и сознанија за настаните врзани за воените дејствија и последиците од нив. Дебатата резултираше со генерална оценка за стабилна и безбедна состојба во моментов.
Беше потенцирана потребата од засилени мерки против можни сајбер напади врз институциите и хибридни закани, како и нужноста од зголемена контрола на гранични премини.
Слични новости
Филипче ја повика владата да побара веднаш екстрадиција на Груевски, ќе бара истрага и за парите од Будимпешта
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, побара од владата веднаш да побара екстрадиција на екс премиерот Никола Груевски, а од Будимпешта да го истражи потеклото и текот на парите што од Виктор Орбан стигаа во Македонија преку ВМРО-ДПМНЕ.
Новиот лидер на Унгарија Петар Маѓар најавува крај на гостопримството за Никола Груевски
Петер Маѓар, лидер на партијата Тиса која убедливо победи на изборите во неделата, изјави дека Унгарија нема да биде засолниште за странски криминалци со азил. Тој ја спомена и ситуацијата со Никола Груевски, нарекувајќи го престапник.
Владата најавува нови мерки за цените на храната
По завршувањето на Велигден, Владата се очекува на седница да донесе нов пакет мерки за справување со растот на цените на храната.


