Синоќа се одржа седница на Советот за безбедност на Македонија со којашто претседаваше претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а присуствуваа сите членови на Советот за безбедност вклучувајќи ги Африм Гаши, претседател на Собранието, Христијан Мицкоски, претседател на Владата, Панче Тошковски министер за внатрешни работи и Владо Мисајловски, министер за одбрана.
Седницата беше фокусирана на безбедносната состојба во земјава по воените дејствија на САД и Израел кон Иран и иранските кон земјите во Персискиот залив, во коишто има американски бази.
Беа презентирани податоци и сознанија за настаните врзани за воените дејствија и последиците од нив. Дебатата резултираше со генерална оценка за стабилна и безбедна состојба во моментов.
Беше потенцирана потребата од засилени мерки против можни сајбер напади врз институциите и хибридни закани, како и нужноста од зголемена контрола на гранични премини.
Слични новости
Продолжи судењето за трагедијата во Кочани
Судењето се одвива под засилени безбедносни мерки, во присуство на обвинетите, роднини на жртвите и многубројни сведоци.
Порасна бројот на Mакедонци кои бараат евакуација од Блискиот исток
Најголем интерес има од граѓаните што се наоѓаат во Абу Даби, каде што 447 лица се пријавиле за враќање со чартер-летови.
СДСМ бара оставка од Панче Тошковски за трагедијата во Карпош
Од СДСМ велат дека непочитувањето на законските одредби за гонење на семејно насилство по службена должност, и недостатокот на навремена реакција доведоа до трагична смрт на мајка и дете.


