Македонија има една од најниските стапки на инфлација споредено со земјите од регионот и тоа во екот на најголемата енергетска криза, смета премиерот Христијан Мицкоски.
Тој вели дека Владата е во постојан контакт со сопствениците на трговските ланци и со откупувачите на земјоделските производи со цел да не се дозволат нефер трговски практики, што од една страна претставува заштита на земјоделците, а од друга овозможува контрола на инфлацијата.
„Инфлацијата сега, како резултат на оваа криза е 4,5 – 4,7%. Инфлацијата во Македонија е една од најниските во регионот. Годишната инфлација во Грција е над 5%, во Бугарија и Романија е двоцифрен број проценти, во Хрватска е исто така над 5%, Косово е близу до двоцифрен број на проценти. Единствени земји во регионот кои што имаат помеѓу 3,5 и 4% се Србија и Албанија“, рече премиерот Христијан Мицкоски.
Слични новости
Обвинителството ќе ја анализира пресудата па ќе донесе одлука дали да ја обжали пресудата за Талир 2
Јавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе ја обжали ослободителната пресуда во предметот „Талир 2“ откако ќе ја добие и анализира писмено изработената пресуда и нејзиното образложение, изјави денеска државниот јавен обвинител Ненад Савески.
СДСМ обвини дека Македонија не е правна држава туку систем во кој Мицкоски одлучува кој е над законот
Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на денешната прес конференција обвини дека Македонија не е правна држава, туку контролиран систем во кој Христијан Мицкоски одлучува кој ќе биде над законот, а кој ќе биде прогонуван.
Кризната состојба за нафтата продолжена за уште три месеци поради ризици ризици во снабдувањето
Кризната состојба на пазарот со нафта и нафтени деривати продолжена за уште три месеци, поради скокот на цената на нафтата на светските берзи


