11 Октомври претставува еден од најзначајните датуми во македонската историја – симбол на отпорот, храброста и борбата за слобода. Со овој ден започна организираната борба на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор, со што се трасира патот кон ослободување, самобитност и државност.

Настаните од 11 октомври 1941 година во Прилеп го означија почетокот на Народноослободителната и антифашистичката војна во Македонија.

Партизаните од Првиот прилепски партизански одред го нападнаа бугарскиот полициски пункт, затворот и ги прекинаа телефонските и електричните врски, со што го означија почетокот на организираниот вооружен отпор.

11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.

 

Слични новости

Ѓорѓиевски побара истрага поради нови сомнежи за злоупотреби во „Комунална хигиена“

Ѓорѓиевски побара истрага поради нови сомнежи за злоупотреби во „Комунална хигиена“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, синоќа рече дека до него пристигнале нови информации поткрепени со документи кои, како што рече, укажуваат на можни финансиски злоупотреби во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Побара надлежните институции веднаш да реагираат и да ги испитаат наводите

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ намерно го блокира собирањето на сметот за Ѓорѓиевски да прави пиар

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ намерно го блокира собирањето на сметот за Ѓорѓиевски да прави пиар

Ова е срамен однос и потценување на сопствените граѓани. Со месеци Скопје се давеше во ѓубре, скопјани секојдневно живееја во нечистотија од која изникнаа глодари а власта на ВМРО-ДПМНЕ не преземаше ништо, велат опозиционерите од СДСМ, коментирајќи ја 72-часовната акција на Ѓорѓиевски за чистење на главниот град