Македонија се соочува со еден од најинтензивните топлотни бранови ова лето. Владата прогласи 30-дневна кризна состојба на целата територија на државата, која стапи во сила на 1 август, поради сериозниот ризик од пожари на отворен простор.

Управата за хидрометеоролошки работи и Институтот за јавно здравје предупредуваат дека температурите до 7 август ќе достигнуваат и до 42 Целзиусови степени, додека високите ноќни температури ќе создаваат таканаречени „тропски ноќи“.

Препораките до граѓаните се избегнување престој на сонце меѓу 11 и 17 часот, редовен внес на вода, избегнување алкохол и носење лесна, светла облека и покривало за глава доколку е неопходно да се излезе надвор.

Слични новости

Нови 11 случаи на ХИВ регистрирани во јули во Македонија

Нови 11 случаи на ХИВ регистрирани во јули во Македонија

Нови 11 случаи на ХИВ/СИДА се регистрирани во јули во земјава – покажуваат податоците на Институот за јавно здравје за движењето на акутните заразни заболувања. Од вкупниот број регистрирани случаи, девет се мажи и две се жени