Американската поп ѕвезда мадона го прослави 68-от роденден во селото Курамадес на грчкиот остров Крф, а заради прославата на нејзиниот роденден привремено беа затворени и селските улици.

Мадона со семејството и пријателите вечераше во таверна со традициолна ребетико музика и грчки специјалитети, пишува весникот Прото тема.

Според наводите на мештаните, жителите биле замолени да ги затворат прозорците од куќите за да и обезбедат приватност на пејачката, додека во селото било распоредено и полициско обезбедување.

Неколку дена пред роденденот Мадона ги посети Метеори каде што со хеликоптер дојде до Крф со група од 12 луѓе, меѓу кои беа нејзиниот син и 30-годишниот партнер.

 

Слични новости

На продажба касети со приватни разговори и пробите на „Оејзис“

На продажба касети со приватни разговори и пробите на „Оејзис“

Архивата на британскиот бенд „Оејзис“ која содржи повеќе од 100 часа снимки од концерти, проби, саундчекирања и приватни разговори на членовите на бендот, ќе биде понудена на аукција во Велика Британија, а се проценува дека ќе достигне до 1,6 милиони фунти