Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Поради појава на магла намалена видливост од 30 до 40 метри има на патниот правец Тетово–Попова Шапка, од 50 до 100 метри на патниот правец Делчево–Пехчево, од 100 до 150 метри на патниот правец Куманово–Крива Паланка и на планинските превои Ѓавато и Пресека, а видливост до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар.
Како што информира АМСМ, сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
Оттаму покрај внимателно и совесно управување со возилата препорачуваат задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Слични новости
СДСМ: ЕУ преку Вајц потврдува дека со Мицкоски нема реформи, нема напредок
СДСМ смета дека власта ја турка државата кон изолација, додека граѓаните очекуваат реформи и напредок кон Европската унија.
Од утре до крајот на неделата дожд
Од вторник до крајот на неделата следува период на променливо облачно време со повремен локален дожд. Од четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе биде во позначително опаѓање.
Вајц критикува дека кај Македонија нема напредок во реформите
Доколку Северна Македонија се обврзе, сериозно се обврзе, на реформи сепак ќе има некаква шанса да се приклучи на клубот на Албанија и Црна Гора за пристапување, во текот на овој мандат на Европскиот парламент.


