Руската енергетска компанија ЛУкоил денеска соопшти дека во минатата година забележа пад на нето добивката за 44,9 насто или вкупно 4,17 милијарди евра.

И покрај падот на нето добивката приходите на Лукоил во 2025 пораснаа на околу 36,5 милијарди евра, а бруто добивката е зголемена и достигна 16,25 милијарди евра, пренесе руската новинска агенција ТАСС.

Лукоил исто така соопшти дека целосно ја отпиша инвестицијата во компанијата Лукоил интернешенал и призна загуба на намалена вредност од 17,1 милијарди евра.

Слични новости

Берзите во Европа и натаму во пораст

Берзите во Европа и натаму во пораст

Европските берзански индекси и денеска главно се во пораст, откако добрите резултати во работењето на холандскиот Филипс и францускиот Керинг позитивно влијае врз трговијата