Европскиот шампион ПСЖ синоќа за прв пат не победи во Лигата на шампионите, откако на домашен терен ремизираше 2:2 со Рома.
Тренерот на ПСЖ Луис Енрике не сакаше да се „вади“ на многубројните повредени играчи во својата екипа, туку упати комплименти на сметка на Рома.
Тој рече дека натпреварот против Рома бил најтешкиот што го одиграл ПСЖ оваа сезона и рече дека тимот што го води Гасперини е со многу карактер и агресивен.
Енрике рече дека иднината на Рома е прекрасна и дека може да го освојат скудетото. Енрике рече и дека не би сакал повторно да се сретнат со Рома, освен можеби во финалето на Лигата на шампионите.
Слични новости
Германија поразена дома од Грција, Јирген Клоп вели дека се создава нов тим
Јирген Клоп на клупата на панцерите сеуште нема ниту една победа по нерешените 1:1 со Холандија и неочекуваниот пораз на домашен терен од Грција со 0:1. Клоп рече дека резултатот не е добар, но дека без сомнение е дел од процесот.
Португалија на гости ја победи Норвешка, Роналдо остана на клупата
Фудбалерите на Португалија како гости ја победија Норвешка со 2:1 во меч од второто коло на групата 4 од Лигата на нациите, а Кристијано Роналдо целиот меч го помина на клупата.
