Европскиот шампион ПСЖ синоќа за прв пат не победи во Лигата на шампионите, откако на домашен терен ремизираше 2:2 со Рома.
Тренерот на ПСЖ Луис Енрике не сакаше да се „вади“ на многубројните повредени играчи во својата екипа, туку упати комплименти на сметка на Рома.
Тој рече дека натпреварот против Рома бил најтешкиот што го одиграл ПСЖ оваа сезона и рече дека тимот што го води Гасперини е со многу карактер и агресивен.
Енрике рече дека иднината на Рома е прекрасна и дека може да го освојат скудетото. Енрике рече и дека не би сакал повторно да се сретнат со Рома, освен можеби во финалето на Лигата на шампионите.
Слични новости
Милан подготвува понуда за Ендрик од 70 милиони евра
Напаѓачот на Реал Мадрид Ендрик е на мета на италијанските клубови. За него интерес покажа и Рома, а според пишувањето на весниците во Шпанија, сега во трката се вклучува и МИлан кој е подговен да плати 70 милиони евра за младиот Бразилец.
Реал Мадрид убедливо против ПСВ со 5:1
Фудбалерите на Реал Мадрид го победија холандскиот ПСВ Ајндовен со 5:1 со пресврт во второто полувреме, откако на полувремето губеа 0:1. Два гола за Реал постигна Мбапе, а по еден Валверде, Белингам и Винисиус.
ПСЖ сака да го доведе Хулиан Алварез во зимскиот преоден рок
Се шпекулира дека ПСЖ е подготвен за Алварез да плати и до 130 милиони евра, колку што бара обештетување Атлетико за клубови надвор од Шпанија. На мета на Луис Енрике се и Дониел Мален од Рома и Престијани од Бенфика.


