Европскиот шампион ПСЖ синоќа за прв пат не победи во Лигата на шампионите, откако на домашен терен ремизираше 2:2 со Рома.

Тренерот на ПСЖ Луис Енрике не сакаше да се „вади“ на многубројните повредени играчи во својата екипа, туку упати комплименти на сметка на Рома.

Тој рече дека натпреварот против Рома бил најтешкиот што го одиграл ПСЖ оваа сезона и рече дека тимот што го води Гасперини е со многу карактер и агресивен.

Енрике рече дека иднината на Рома е прекрасна и дека може да го освојат скудетото. Енрике рече и дека не би сакал повторно да се сретнат со Рома, освен можеби во финалето на Лигата на шампионите.

 

Слични новости

Борнмут убедливо го совлада Милан со 3:0

Борнмут убедливо го совлада Милан со 3:0

Фудбалерите на Борнмут го победија Милан со 3:0 во третото коло од Лигата на Европа. Победата е многу значајна за малиот англиски клуб кој за прв пат се натпреварува во Европа.