Лондонскиот Хитроу во јули ја загуби позицијата на најпрометен аеродром во Европа, откако низ неговите терминали поминаа 7,86 милиони патници, додека на аеродромот во Истанбул минаа 8,15 милиони патници.

Бројот на патници на Хитроу беше за 1,5 насто помал в однос на јули минатата година, додека Истанбул забележа раст од 2,3 насто, пренесува британскиот весник Гардијан.

Посебно беше погоден авионскиот сообраќај меѓу Хитроу и дестинациите на Блискиот исток поради војната меѓу САД и Иран, па бројот на патници на тие линии во јули беше намален за повеќе од 20 проценти.

 

Слични новости