Утрово на тераса од трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје е пронајдено телото на оперативниот директор на телевизијата Алсат, Лирим Хајредини. Местото каде што е пронајдено телото се обезбедува од полицијата, а сè уште е во тек увидот под раководство на јавен обвинител.
Телото на Хајредини ќе биде предадено на обдукција, по што треба да се утврдат причината и околностите за смртта. Според првичните инфомации, Хајредини починал по пад од погорните катови на ламелата во која се наоѓаат просториите на ТВ Алсат.
Хајредини долги години беше оперативен директор на Алсат. Пред ангажманот во телевизијата, Хајредини работел и во Македонскиот центар за меѓународна соработка.
Слични новости
Уапсен 19-годишниот Танасковски за обид за убиство на Марко Љубиша Кан во Црна Гора
Во акција на црногорската полиција вчера во Никшиќ е уапсен 19-годишен државјанин на Македонија, член на организирана криминална група врз основа на меѓународна потерница од Интерпол.
Штрајкуваат грчките цариници – од 05 до 09 часот ограничувања на граничните премини со Грција
Денеска почна штрајк на грчките царински службеници, кој се одржува во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време. Ограничувањата се однесуваат на сите три гранични премини меѓу Македонија и Грција – Евзони (Богородица), Ники (Меџитлија) и Дојрани (Дојран).
Гостивар денеска треба да добие вода за пиење
Според најавите на премиерот Христијан Мицкоски, последните анализи покажуваат добри резултати по спроведеното хиперхлорирање на водоводната мрежа, а надлежните институции денеска треба да ја потврдат исправноста на водата за техничка употреба.

