Утрово на тераса од трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје е пронајдено телото на оперативниот директор на телевизијата Алсат, Лирим Хајредини. Местото каде што е пронајдено телото се обезбедува од полицијата, а сè уште е во тек увидот под раководство на јавен обвинител.
Телото на Хајредини ќе биде предадено на обдукција, по што треба да се утврдат причината и околностите за смртта. Според првичните инфомации, Хајредини починал по пад од погорните катови на ламелата во која се наоѓаат просториите на ТВ Алсат.
Хајредини долги години беше оперативен директор на Алсат. Пред ангажманот во телевизијата, Хајредини работел и во Македонскиот центар за меѓународна соработка.
Слични новости
Денеска продолжува судењето за пожарот во Кочани
Денеска во судницата во Идризово со изведување на градежното вештачење на дискотеката „Пулс“ и распит на вештите лица што го изработиле, ќе продолжи судењето за пожарот во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
Не чекајте да ожеднете, пијте течности, разладувајте го телото со млака вода
Институтот за јавно здравје апелира да се избегнува изложување на сонце, вклучително и работа и физичка активност на отворено, во периодот од 11 до 17 часот, да се носи лесна, светла и широка облека, очила за сонце и капа или шапка со широк обод.
СДСМ поднесе кривична пријава против министерот Клековски и тројца функционери за труењето со вода во Гостивар
Помина повеќе од еден месец, цел град Гостивар беше отруен со загадена вода. Речиси 5.000 граѓани завршија во болница. Здравствена катастрофа и тотален распад на институциите. Одговорност од власта, од здравствените институции досега нема, а нема ниту чиста вода во Гостивар


