Фудбалската репрезентација на Аргентина на 6 октомври на стадионот „монументал“ во Буенос Аирес ќе ја дочека селекцијата на Бенин во пријателски натпревар, а дуелот ќе влезе во историјата бидејќи тоа ќе биде последниот настап на Меси во дресот на Аргентина која е светски вицешампион.

Меси одигра за репрезентацијата на Аргентина 207 натпревари и постигна 125 гола. Со репрезентацијата го освои Светското првенство во 2022 и два Копа Америка во 2021 и 2024.

Дресот на Меси од прошталниот натпревар ќе биде уникатен и наместо вообичаениот знак на Адидас ќе го има личното лого на Меси.

Слични новости

Четврти пораз во низа на Србија

Четврти пораз во низа на Србија

Селекцијата на Србија синоќа загуби со 2:1 на гостувањето во „Филипс“ арената во Ајндховен од Холандија во четвртото коло од Лигата на нациите. Ова беше и четврти пораз на селекторот Вељко Пауновиќ во четвртиот меч од Лигата на нациите.