Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, по тричасовната лидерска средба на која не учествуваа лидерите од коалицијата на СДСМ, соопшти дека постигнале согласност дека техничката влада треба да се укине. Иако одлуката може да се донесе со 61 глас, Мицкоски порача дека не сака решенија „на сила“ и му понуди компромис на отсутниот СДСМ.
„За да излеземе од ќорсокак, го прифаќаме и овој компромис: Ако СДСМ мислат дека е неопходно да има техничка влада за следните избори, нека биде така. Но, да донесеме измени со кои, кој и да победи на нив, техничката влада веќе никогаш нема да постои“, изјави Мицкоски.
„Јавноста денеска беше сведок на еден поинаков пристап – на отворена, конструктивна дебата полна со предлози и идеи. Се отворија многу прашања. Предложив дебатата да продолжи на ниво на пратенички групи зашто ние сме за надминување на проблемите, а не за создавање нови“, истакна Мицкоски.
Околу најавата на Ахмети дека за некои прашања што ги најави, а не биле отворени на средбата ќе има средба во четири очи со премиерот, Мицкоски потврди, но и го намали го значењето со забелешката дека тој во својата работа одржува редовна комуникација со другите политички лидери.
За гласањето на дијаспората премиерот рече дека најпрво треба да дефинираат дали ќе има една изборна единица, а потоа да најдат креативно решение како да гласаат нашите иселеници во државите кои не го дозволуваат тоа надвор од дипломатските преставништва, нешто што исто така ќе се усогласува на средба на координаторите на пратеничките групи.
Слични новости
Без задржувања на Богородица: Околу 10.000 патници за викенд во Грција
Околу 10.000 патници ја минале македонско-грчката граница кај Гевгелија во последните 24 часа и се упатиле на продолжен викенд во Грција. Според македонските гранични служби отворени биле сите шалтери за влез во Грција и задржувањето не е подолго од пет минути.
Поскапеа речиси сите прехранбени продукти пред Велигден
Непосредно пред Велигден поскапеа јајцата, но нова повисока цена доби и зејтинот. Јагнешкото месо достигнува цена и до 700 денари за килограм.
Новиот ЕУ систем не создаде застои на граничниот премин Меџитлија
Иако првиот ден од продолжениот празничен викенд се поклопи со стартот на целосната примена на новиот систем за контрола при влез во земјите од Европската унија, сепак, на граничниот премин Меџитлија–Ники кон соседна Грција нема значајни промени во фреквенцијата.


