Според законот што го поднесовме до Собранието за да се постигне 600 ерва минималец потребни 7,5 милијарди денари, односно 120 милиони евра. Вкупните буџетски расходи за 2026 година се планирани на рекордни 365,5 милијарди денари, што е историски највисоко ниво, изјави лидерот на опозицијата Венко Филипче.

Тој рече дека имајќи предвид дека не се прави ништо за доброто на работниците, очигледно е дека огромниот процент од овие пари ќе оди за комоција на власта и ништо друго.

И за партизирање на администрацијата, односно вработување со договор на дело на партиски војници кои што секојдневно го гледаме во министерствата. Ако се има вистинска желба, може да им се излезе во пресрет на работниците, само малку да се скрати од луксузирањето на власта, порача Филипче.

Слични новости

Синот кој го убил таткото во Гостивар се обидел да ги прикрие трагите од делото

Синот кој го убил таткото во Гостивар се обидел да ги прикрие трагите од делото

Обвинителството денеска соопшти дека 33-годишникот кој беше лишен од слобода, се обидел максимално да ги прикрие трагите од злосторството. Планот му пропаднал откако анонимна пријава од странски број ја донела полицијата на неговата врата.