На самитот на Европската унија во Даблин лидерите на ЕУ би требало да расправаат за вештачката интелигенција, технологија која веќе го промени светот, а главната цел на европските лидери е како да не заостанат во траката за вештачката интелигенција, а да не се откажат од социјалните мерки.

Водечките креатори на моделите на вештачката интелигенција се Американци или Кинези, а главниот проблем за ЕУ е што изградбата на водечките модели стана прескапа и чини неколку стотици милијарди евра.

На самитот во Даблин главната тема ќе биде дали владите да се натераат да купуваат европска технологија, за да го поттикнат европското производство на вештачка интелигенција, што беше предлог на Европската комисија.  

Слични новости

Три години војна во Газа

Три години војна во Газа

Пред три години почна војната во Газа, предизвикана од нападот на Хамас врз Израел. Епилогот е што околу два милиони жители на Газа се и натаму раселени, а многумина живеат во шатори меѓу урнатините.