Фудбалерите на Ливерпул викендов доживејаа нов пораз во Премиер лигата и пред една година имаат точно 20 бодови повеќе во однос на сегашниот пласман на табелата во Премиер лигата.
Ливерпул минатата сезона ја освои титулата и полесно од тоа што се очекуваше, а кога клубот летоска потроши 450 милиони евра на нови засилувања, се веруваше дека Ливерпул повторно ќе биде главен кандидат за освојување на титулата.
Последната победа Ливерпул ја забележа во 2025 кога ги победи Вувси со 2:1, а во моментов е шести на табелата и можно е да не се пласира ни во Лигата на шампионите.
Навивачите на тимот се гневни на менаџерот Арне Слот, кој беше славен кога во дебитантската сезона ја освои титулата.
Слични новости
Новак Ѓоковиќ загуби од Џек Драјпер во осминафиналето на Индиан Велс
Ветеранот Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во четвртфиналето на мастерсот во Индијан Велс, откако беше поразен од Британецот Џек Драјпер со 6:4, 4:6 и 6:7. Неизвесната борба меѓу Ѓоковиќ и Драјпер траеше два часа и 35 минути.
По дебаклот на Манчестер Сити од 3:0 во Мадрид Пеп Гвардиола вели дека играле подобро од тоа што го покажува резултатот
Манчестер сити синоќа загуби со 3:0 на гостувањето кај Реал Мадрид во осмина финалниот меч од Лигата на шампионите, со блескава партија на Валверде кој ги постигна сите три гола за Реал.
Никола Јокиќ до 25-ти трипл дабл сезонава во победата на Денвер врз Хјустон
Ова е четврта година по ред во која Јокиќ постигнува 25 трипл-дабла, по што НБА лигата се огласи со соопштение дека српскиот центар испиша историја бидејќи стана првиот играч во НБА лигата што го достигнал ова остварување.


