Повеќе англиски медиуми пишуваат дека Ливерпул покажува сериозен и конкретен интерес за младиот крилен фудбалер на Лајпциг Јан Диоманде, откако ја загубија трката за Антоан Семењо од Манчестер сити.

Диоманде има 19 години и во Ливерпул сметаат дека тој може да биде долгорочно решение за крилната позиција.

Африканскиот фудбалер го следат речиси сите фудбалски великани, а намера да го доведат во своите редови имаат и Париз Сен Жермен и Манчестер јунајтед.

Сепак, англиските медиуми наведуваат дека Ливерпул е најсериозен во трката за Диоманде и дека е подготвен да плати 100 милиони евра. Диоманде сезонава постигна 7 голови и три асистенции за Лапциг.

Слични новости

Крај на кариерата на Линдзи Вон

Крај на кариерата на Линдзи Вон

Последните информации се дека таа ја скршила левата нога врз која и е извршена операција. Само два месеци пред почетокот на Олимписките игри Линдзи Вон ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено