ЛА Лејкерс утринава на домашен терен убедливо загубија од Хјустон со 119:106 и ја продолжија серијата порази, иако во тимот се врати нивниот најдобар стрелец Лука Дончиќ. Хјустон водеше од почетокот до крајот на мечот во Лос Анџелес предводени од Амен Томсон со 26 коша и Кевин Дурант кој постигна 25.

Кај Лејкерс Лука Дончиќ постигна 25 коша, а Леброн Џејмс 18, но двајцата заедно постигнаа само 4 тројки од 11 обиди и имаа девет загубени топки.

Една од клучните разлики на натпреварот ја направи и огромната дискрепанца во бројот на скокови, Хјустон имаше 48, а Лејкерс само 25.

Лејкерси имаат исклучително негативна традиција за Божик со само 2 победи од 27 натпревари, а лошата традиција им датира уште од 1949.

Слични новости

Спалети не губи надеж дека Јувентус ќе се пласира во осминафиналето на ЛШ и покрај петте гола што ги прими од Галатасарај

Спалети не губи надеж дека Јувентус ќе се пласира во осминафиналето на ЛШ и покрај петте гола што ги прими од Галатасарај

Јувентус синоќа по првото полувреме водеше против Галатасарај со 2:1 со головите на Копмејнерс, но на крајот загуби со 5:2, а од 67 минута остана и со играч помалку.

Винисиус и Мбапе тврдат дека Престијани од Бенфика го навредувал Винисиус на расна основа

Винисиус и Мбапе тврдат дека Престијани од Бенфика го навредувал Винисиус на расна основа

Тврдењата на Винисиус ги потврди и Килијан Мбапе кој го нарече Престијани расист. „Играчот на Бенфика со број 25 чие име не сакам ни да го спомнам го стави дресот преку уста и дури пет пати му довикуваше на Винисиус дека е „мајмун“.