Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс денеска на свој терен го победија Вашингтон со 120:102 и таја ја постигнаа 12-тата победа во последните 13 натпревари.
Во отсуство на суспендираниот Лука Дончиќ, најдобар кај Лејкерси беше Леброн Џејмс со 21 поен, 12 асистенции и 10 скока.
Ова беше 1.228 победа на Леброн во кариерата, со што го изедначи рекордот на Карим Абдул Џабар по бројот на победи во историјата на НБА.
Остин Ривс, Лук Кенард и Џексон Хјуз додадоа по 19 поени за победничкиот тим.
Слични новости
Денвер до шеста победа во низа, Оклахома пресилна за Њујорк
Поџемски со по 23 коша.
Во дербито на денот шампионот Оклахома ги победи Њујорк Никс со 111:100. ШГА постигна 30 коша, а Џејлен Вилијамс се врати по повредата и даде 22 коша за Оклахома која победи на 14 од последните 15 мечеви.
Ако Италија не обезбеди пласман на Светското првенство Џенаро Гатузо ќе добие отказ
Италија е фаворит пред дуелот со Босна, но е далеку од некогаш моќниот тим составен од големи фудбалски ѕвезди. Гатузо е под голем притисок пред утрешниот меч во Зеница кој почнува од 20 и 45.
Де Зерби подготвен да го преземе Тотенхем
Скај Италија објави дека Тотенхем е спремен да му понуди на Де Зерби петгодишен договор со што јасно сакаат да стават на знаење дека го гледаат како долгорочно решение.


