Американската управа за храна и лекови ФДА предупреди на можен зголемен ризик од сериозно заболување на окото поврзано со примена на лековите од групата ГЛП-1, кои се користат за слабеење и лекување на дијабетесот.

ФДА побара произведувачите на лекови Оземпик, Вегови, Моунџаро и Зепбаунд во упатсвата да додадат и предупредување за можна појава на неартериска предна исхемиска оптичка невропатија, заболување кое може да предизвика ненадејна загуба на видот, а во одделни случаи и трајно оштетување на видот, пренесува Си Ен Ен

Компаниите Ново Нордиск и Ели Лили соопштија дека ја разгледуваат одлуката на ФДА, со оценка дека достапните податоци не ја потврдуваат каузалната врска меѓу римената на нивните лекови и ова заболување.

Слични новости

Големите американски медиуми го бојкотираат известувањето за Трамп во знак на протест против забраната за медиуми

Големите американски медиуми го бојкотираат известувањето за Трамп во знак на протест против забраната за медиуми

Главните американски телевизиски мрежи го суспендираа заедничкото известување за активностите на американскиот претседател Доналд Трамп, откако Белата куќа им забрани пристап на CNN, MS NOW и Politico.

Синот на Синди Крафорд Пресли Гербер почина на 27 години

Синот на Синди Крафорд Пресли Гербер почина на 27 години

Пресли Гербер, син на славната супермоделка Синди Крафорд и бизнисменот Ренд Гербер, почина на 27 годишна возраст, потврди неговото семејство. Пресли почина во рехабилитациски центар во Лос Анџелес, а официјалната причина за смртта не е објавена, но тој се бореше со зависности и депресија.