Американската управа за храна и лекови ФДА предупреди на можен зголемен ризик од сериозно заболување на окото поврзано со примена на лековите од групата ГЛП-1, кои се користат за слабеење и лекување на дијабетесот.
ФДА побара произведувачите на лекови Оземпик, Вегови, Моунџаро и Зепбаунд во упатсвата да додадат и предупредување за можна појава на неартериска предна исхемиска оптичка невропатија, заболување кое може да предизвика ненадејна загуба на видот, а во одделни случаи и трајно оштетување на видот, пренесува Си Ен Ен
Компаниите Ново Нордиск и Ели Лили соопштија дека ја разгледуваат одлуката на ФДА, со оценка дека достапните податоци не ја потврдуваат каузалната врска меѓу римената на нивните лекови и ова заболување.
Слични новости
Кон крајот на септември нов топлотен бран во Европа
Како што наближува крајот на септември Европа повторно ќе ја зафати период на необично топло време, соопшти метеоролошката станица „ Severe weather Europe“ наведувајќи дека топлотниот бран ќе се задржи до почетокот на октомври.
Научниците предупредуваат дека „Супер Ел Нињо“ би можел да однесе 450 000 животи
Климатските научници проценуваат дека екстремните горештини што ги носи феноменот „ Супер Ел Нињо“ во наредните шест месеци може да доведат до повеќе од 450 000 смртни случаи.
„Резидент Евил 8“ прв на американскиот Бокс Офис
Осмото продолжение на хоророт „Резидент евил“ франшиза настаната од видео игра беше убедливо прв на американскиот Бокс офис со заработка од 60 милиони долари. Успехот на филмот на Бокс офисот ги надмина сите очекувања и е исклучок за осмо продолжение на хорор филм .


