Најмалку 18 лица во неколку федерални држави загинаа во ледениот бран што ги зафати САД, јавија денеска американските медиуми.
Во градот Фриско, Тексас, недалеку од Далас, шеснаесетгодишно девојче починало додека се санкало, соопшти локалната полиција, наведувајќи дека девојчето на санката го влечело тинејџер кој возел моторна санка, пренесува Еј-Би-Си.
Во областа Остин, една жртва на хипотермија е пронајдена мртва на паркинг на напуштена бензинска пумпа, соопштија локалните власти.
Во државата Арканзас, 17-годишно момче починало по несреќа во која удрил со санка во дрво, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Салин.
Градоначалникот на Њујорк соопшти дека пет лица загинале во ледениот бран, а медиумите во Бостон објавија дека во државата Масачусетс, една жена починала откако била удрена од машина за чистење снег.
Три смртни случаи се пријавени во Тенеси, два во Луизијана и еден во Канзас, потврдија официјални лица во тие држави за Еј-Би-Си.
Слични новости
Трамп го отфрла иранскиот предлог
Американски функционер тврди дека Доналд Трамп не е задоволен од предлогот на Иран за прекин на војната, бидејќи не го опфаќа клучното прашање за нуклеарната програма.
Лондон го испраќа кралот за да го ублажи спорот со Вашингтон
Британскиот крал Чарсл Трети допатува во четиридневна посета на САД во државна посета која според оценките на западните медиуми би можела да биде...
Tрамп ги повика назад американските преговарачи со Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Fox news рече дека донел одлука американските претставници да не одат на преговорите со Иран....


