Личното богатство на Џим Ирсеј сопственикот на „Индијана Колтс“ ќе се најде на аукција на Кристи од 7-17 март. Неговата колекција најпрвин бесплатно ќе биде изложена од 6-12 март.

Во колекцијата е славниот црн Стратокастер на Дејвид Гилмор купен во Њујорк 1970 со кој Гилмор свиреше на легенардните албуми на Пинк Флојд „ Dark Side of the Moon“,  „Wish You Were Here“,  „Animals“ и „The Wall“. Гитарата е проценета на околу 4 милиони долари.

Во колекцијата се и сетот тапани со кој Ринго Стар од Битлси свиреше во прочуеното шоу на Ед Саливен во 1964 ( околу 2 милиони долари), и Фендерот на Курт Кобејн проценет меѓу 2,5 и 5 милиони долари.

Во колекцијата е и гитарата на Џон Ленон Греч Чет Аткинс од 1963.

Слични новости