Во тек се подготовките за заминување на дипломатот Крум Ефремов за амбасадор во Софија, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

„Крум Ефремов е  професионален дипломат, еден од поквалитетните,  актуелен директор на Директоратот за економска дипломатија во Министерството, којшто служел како наш амбасадор во Украина во минатото. Тој ќе биде наш амбасадор во Софија и во моментот течат подготовките за негово заминување во Бугарија“ рече Муцунски.

Со Бугарија постојано има дијалог, од моментот кога е формирана оваа Влада до денес. Имало период кога дијалогот бил поинтензивен или помалку интензивен, но нема момент во кој ние не сме дискутирале за изнаоѓање соодветно праведно решение во рамките на позициите кои ние ги имаме, изјави Муцунски.

 Тој истакна дека „црвените линии на нашата држава се поврзани со нашата историја, идентитет, јазик и култура“.

 

Слични новости

Раководителите на гостиварски „Комуналец“ однесени во притвор во Шутка

Раководителите на гостиварски „Комуналец“ однесени во притвор во Шутка

По 30 дена притвор добија тројца раководители на „Комуналец“ од Гостивар, осомничени за загадување на водата за пиење. Вршителката на должност директорка Артана Асани, техничкиот раководител на сектор за технички работи, Леон Нуредини и раководителот на одделението за водовод Вадедин Дервиши