Некогашниот фудбалер на Фулам, Манчестер јунајтед и Рома, кој сега игра во Саудиска Арабија се враќа во Европа во тимот на Порто. Се очекува португалскиот клуб во секој момент да го официјализира трансферот.

36 годишниот стопер доаѓа во Порто за да помогне поради проблемите што ги има тимот во одбраната.

Смолинг има големо искуство, а играше и за репрезентацијата на Англија за која забележа 31 настап.

Смолинг на два пати беше и шампион на Премиер лигата со Манчестер јунајтед.

Слични новости

Едер Милитао се враќа во тимот на Реал Мадрид по повеќемесечна пауза поради повреда

Едер Милитао се враќа во тимот на Реал Мадрид по повеќемесечна пауза поради повреда

Милитао во последните години имаше две тешки повреди на предните вкрстени лигаменти на коленото, а во април му настрада и задната ложа, поради што мораше да оди на операција и на нова пауза од теренот.