Торонто Рапторс го отпуштија Крис Пол, јавија американските медиуми и со тоа ја завршија големата кариера на еден од најдобрите плејмејкери во НБА во своето време.

40-годишниот Крис Пол минатата недела беше трејдуван од Клиперс во Торонто, но тренерот на Торонто Дарко Рајаковиќ не му даде ни минута на теренот, по што следуваше отказ од Торото.

Крис Пол соопшти дека ја завршува играчката кариера во кошарката. Тој сакаше да ја заврши кариерата во Клиперс, но тимот од Лос Анџелес тоа не му го обезбеди.

Во текот на богатата кариера Крис Пол играше за Сан Антонио, Голден Стејт, Феникс, Оклахома, Хјустон и Њу Орлеанс.

Слични новости

Крај на кариерата на Линдзи Вон

Последните информации се дека таа ја скршила левата нога врз која и е извршена операција. Само два месеци пред почетокот на Олимписките игри Линдзи Вон ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено