Португалската фудбалска легенда, 40-годишниот Кристијано Роналдо, во вторникот стана најдобар стрелец на сите времиња во квалификациите за Светското првенство со двата гола во ремито 2:2 против Унгарија.
Роналдо веќе постигна вкупно 143 гола за својата земја, од кои 41 беа во квалификациите за Светското првенство. До синоќа, Португалецот го делеше рекордот со поранешниот гватемалски репрезентативец Карлос Руиз, кој ја заврши кариерата со 39 гола во квалификациите за Светското првенство.
„Не е тајна дека играњето за репрезентацијата ми значи многу, па затоа сум неверојатно горд што го постигнав ова уникатно достигнување за Португалија… Им благодарам на сите што ми помогнаа да стигнам до оваа точка. Се гледаме во ноември за да ги завршиме квалификациите за Светското првенство“, напиша Роналдо на социјалната платформа X.
Португалија со неговите голови до првата минута од судиското продолжение имаше победа во свои раце, што ќе им гарантираше на португалските фудбалери место на Светското првенство во 2026 година на две кола до крајот, но израмнувачкиот гол на Доминик Собослај го спречи тоа и ѝ помогна на својата репрезентација да се бори за второто место во групата, што носи место во плејофот.
Португалија има 10 бода на две кола до крајот, пет повеќе од второпласираната Унгарија, а квалификациите за Светското првенство всушност се само формалност за Кристијано Роналдо и неговите соиграчи.
Слични новости
ФИФА ги објави кандидатите за наградата за најдобрите
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја објави листата на кандидати за најдобар играч, тренер и голман во женската и машката конкуренција за 2025 година
Феникс им го нанесе на Клиперс третиот пораз во серија
Клипер на гостувањето заминаа значително ослабени, бидејќи Џејмс Харден не беше во тимот, поради лични причини, како и повредениот Каваи Леонард
Лига Европа: Четврта победа на Митјиланд
. Во натпреварот од 4. коло, Митјиланд го победи Селтик со 3:1, забележувајќи ја својата четврта победа


