Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија Жорж Жесус денеска го стави Кристијано Роналдо на списокот на репрезентативците за претстојните натпревари од Лигата на нациите.

Роналдо претходно кажа дека овогодишното Светско првенство во фудбал му е последно и дека ова за него ќе биде последна сезона, но не беше категоричен кога ќе се прости од националниот дрес на Португалија.

Ова е прв список на репрезентативци објавен од новиот селектор на Португалија Жорж Жесус кој дојде на местото на Шпанецот Роберто Мартинес кој беше сменет од селекторската позиција  по поразот на Португалија од Шпанија во осминафиналето на Светското првенство.

Жесус претходно беше тренер во Ал Наср во саудиска Арабија каде што игра и Роналдо.

Слични новости

Николас Батум ја заврши кошаркарската кариера

Николас Батум ја заврши кошаркарската кариера

Францускиот кошаркар Николас Батум реши да ја заврши кариерата во 37-та година. Тој дојде во НБА лигата во дамнешната 2008-ма година, а најголемиот дел од кариерата го мина во Портланд, Шарлот и ЛА Клиперс.