Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија Жорж Жесус денеска го стави Кристијано Роналдо на списокот на репрезентативците за претстојните натпревари од Лигата на нациите.
Роналдо претходно кажа дека овогодишното Светско првенство во фудбал му е последно и дека ова за него ќе биде последна сезона, но не беше категоричен кога ќе се прости од националниот дрес на Португалија.
Ова е прв список на репрезентативци објавен од новиот селектор на Португалија Жорж Жесус кој дојде на местото на Шпанецот Роберто Мартинес кој беше сменет од селекторската позиција по поразот на Португалија од Шпанија во осминафиналето на Светското првенство.
Жесус претходно беше тренер во Ал Наср во саудиска Арабија каде што игра и Роналдо.
Слични новости
Кристијано Роналдо и официјално се прости од репрезентацијата на Португалија
Во иста година, во период од само неколку недели се простија од репрезентациите и Лионел Меси и Кристијано Роналдо, двоец кој обележа една фудбалска епоха.
Јокиќ го впиша 201-от трипл-дабл во кариерата во убедливата победа на Денвер против Торонто
Јокиќ играше само три четвртини од натпреварот додека Денвер се одлепи на безбедна разлика, а за помалку од 30 минути на теренот го оствари третиот трипл-дабл сезонава и 201-от во кариерата.
Вембенјама постигна 52 коша и 24 скока за Сан Антонио во победата врз Далас
Во победничкиот тим блескава партија имаше Виктор Вембенјама кој го постигна рекордот на својата кариера со 52 поени, 24 скока и 8 блокади. Французинот стана првиот кошаркар во историјата на Сан Антонио кој на еден натпревар постигнал најмалку 50 кошеви и 20 скокови.


