Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо повеќе нема да игра за репрезентацијата на Португалија, соопшти денеска на социјалните мрежи. Во иста година, во период од само неколку недели се простија од репрезентациите и Лионел Меси и Кристијано Роналдо, двоец кој обележа една фудбалска епоха.

По 234 натпревари и 146 голови за националниот тим, Роналдо денеска соопшти крај на неговата репрезентативна кариера.

Роналдо напиша дека го враќа дресот со број 7 на португалската репрезентација кој имал одговорност да го носи 23 години и дека дојде време да го предаде дресот на иднината.

Патувањето кое почна во 2003-тата и засекогаш го смени мојот живот, заврши, напиша Роналдо.

Слични новости

Почина фудбалер на Тенерифе по стравичен судир со противнички голман во шпанската Сегунда

Почина фудбалер на Тенерифе по стравичен судир со противнички голман во шпанската Сегунда

Напаѓачот на Тенерифе, Хезус де Мигел (30) почина претпладнево по тешката повреда што ја здоби за време на натпреварот против Андора во шпанската Сегунда. Трагичната вест ја потврди неговиот клуб.

По победата врз Интер во дербито, Милан подготвува засилувања во јануари за да влезе во трка за Скудетото

По победата врз Интер во дербито, Милан подготвува засилувања во јануари за да влезе во трка за Скудетото

Победата од 3:1 во дербито со Интер им отвори шанси на фудбалерите на Милан дека би можеле да се борат за титулата оваа сезона, а јануарскиот преоден рок се смета за клучен за засилувањата во тимот.