Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо повеќе нема да игра за репрезентацијата на Португалија, соопшти денеска на социјалните мрежи. Во иста година, во период од само неколку недели се простија од репрезентациите и Лионел Меси и Кристијано Роналдо, двоец кој обележа една фудбалска епоха.

По 234 натпревари и 146 голови за националниот тим, Роналдо денеска соопшти крај на неговата репрезентативна кариера.

Роналдо напиша дека го враќа дресот со број 7 на португалската репрезентација кој имал одговорност да го носи 23 години и дека дојде време да го предаде дресот на иднината.

Патувањето кое почна во 2003-тата и засекогаш го смени мојот живот, заврши, напиша Роналдо.

Слични новости

Вембенјама и Тејтум прогласени за играчи на неделата во НБА лигата

Вембенјама и Тејтум прогласени за играчи на неделата во НБА лигата

Кошаркарот на Сан Антонио Виктор Вембенјама е прогласен за играч на неделата во Западната конференција на НБА лигата. Вембенјама во минатата недела имаше просек од 36 коша, 10,3 скока, 3,7 асистенции и 4,3 блокади по натпревар.