Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо најави дека претстојната сезона ќе му биде последна во кариерата. Еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалот му се приклучи на клубот Ал Наср во сезона во која ќе се обиде да ја достигне бројката од 1.000 голови. Досега Роналдо има постигнато 976.
„Ова е најверојатно мојата последна сезона во фудбалот и сакам да одам со спекатуларно наследство. Знам што ќе правам во иднината и имам многу работи што ме држат преокупиран, но оставањето на фудбалот може да остави голема дупка и таа мора да се исполни на многу начини“ изјави Роналдо во интеврјуто за магазинот Вог.
Португалецот кој штотуку се ожени најави дека сака повеќе да патува и да се забавува, затоа што за време на неговата 25 годишна кариера имало многу жртвувања.
Слични новости
Претседателот на шпанската Ла Лига побара оставка од Инфантино
Претседателот на шпанската фудбласка Ла Лига Хавијер Тебас изјави дека првиот човек на Меѓународната фудбалска федерација ( ФИФА) би требало да си поднесе оставка поради уништување на фудбалот.
