Шефицата на Европската Централна Банка Кристен Лагард го бранеше зголемувањето на каматната стапка за 0,25 проценти од 11 јуни како оправдано за да се спречат реалните инфлаторни притисоци.
„Се соочивме со перспектива за зголемување на основната инфлација и проекција според која инфлацијата ќе се врати на 2% само во последниот квартал од 2027 година, што само по себе беше условено од прилагодување на монетарната политика. Нашата анализа покажа дека одржувањето на каматните стапки константни би ја оставило инфлацијата над 2% во 2027 и 2028 година“, рече Лагард.
Таа изјави и дека цените на нафтата флуктуираа драстично за време на војната со Иран, додека европската економија издржа подобро од очекуваното наспроти пречките од воведувањето нови царини на европскиот увоз од страна на американскиот претседател Доналд Трамп
Слични новости
Цените на нафтата пораснаа поради ескалацијата на судирот меѓу САД и Иран
Фјучерсите за нафтата Брент денеска пораснаа за 70 центи на 84,93 долари по барел, а американската сирова нафта ВТИ поскапе за 81 цент на 79,76 долари по барел, јавува Ројтерс.
Економистите очекуваат дека Европската Централна Банка нема да ги зголеми каматите
Европската Централна Банка (ЕЦБ) идната недела најверојатно нема да ги смени каматните стапки, но нивно зголемување се очекува во септември, сметаат економистите.
Нафтата Брент поскапе на 79 долари, новите судири ги пореметија берзите
Европските индекси на берзите денеска се главно нестабилни, додека инвеститорите се подготвуваат за важна недела во која ќе бидат објавени...


