Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ планира да укине дополнителни 50.000 работни места ширум светот, за да остане конкурентен околу трошоците во однос на главните ривали, изјави директорот на компанијата Оливер Блуме.

Како што пренесува Ројтерс, Блуме изјави дека „Фолксваген“ во моментов има трошковен хендикеп од околу 20 насто во однос на конкуренцијата.

Германските медиуми претходно предупредуваа на можноста „Фолксваген“ да затвори 4 фабрики во Германија и да отпушти до 100.000 вработени.

Главниот проблем на „Фолксваген“ е падот на продажбата на главните пазари, особено во САД и Кина, а продажбата на компанијата во вториот квартал на 2026 е падната за 8,6 насто.  

Слични новости

Грција ја намалува задолженоста

Грција ја намалува задолженоста

Во Министерството за финансии разгледуваат предвремена отплата на речиси 13 милијарди евра од долгот до крајот на годината, наместо планираните девет милијарди евра.

Инвеститорите оптимистични: Подобрена оценката за актуелната ситуација со германската економија

Инвеститорите оптимистични: Подобрена оценката за актуелната ситуација со германската економија

Расположението на германските инвеститори во август порасна на највисоко ниво, покажуваат резултатите на центарот за економски истражувања Лајбниц. Вредноста на индикаторите што ги мерат економските очекувања во иднина за Германија изнесува 34,2 поени, што е раст од 7,9 поени во однос на јули.