Бродскиот сообраќај низ стратегиски клучниот Ормутски теснец е драстично намален како последица на преговорите меѓу Иран и Оман. Според податоците кои ги објави Ројтерс низ Ормутскиот теснец од понеделникот до четвртокот минале само 33 бродови, додека пред започнувањето на војната меѓу САД и Иран во февруари, низ Ормутскиот теснец минуваа 130-140 бродови дневно.
Податоците на компанијата „Кплер“ покажуваат дека оваа недела од Ормутскиот регион излегоа само шест танкери за сирова нафта, додека во теснецот доплови 21 брод, главно користејќи ја иранската рута.
Предложениот договор меѓу Иран и Оман со кој Техеран би ја добил контролата врз бродовите кои влегуваат во Персискиот залив низ Ормутскиот теснец е тешко спроведлив поради американските санкции и ограничувањата во врска со осигурувањата.
Слични новости
Нафтата Брент ја надмина цената од 93 долари
Цената на нафата Брент денеска повторно порасна за 0,36 насто на 93, 47 долари за барел, а американската лесна нафта ВТИ за 0,51 насто на 86,4 долари за барел.
Државниот долг на САД надмина 40 билиони долари
Државниот долг на Соединетите Америански Држави надмина 40 билиони долари, покажуваат најновите податоци на американското министерство за финансии.
Цените на нафтата растат поради новите тензии на Блискиот исток
Цените на сировата нафта пораснаа поради дополнителните тензии на Блискиот исток кои ги зголемија страхувањата од дополнителни пореметувања во снабдувањето со енергентите.


