Легендарната американска скијачка Линдзи Вон вчера на спуст патеката во Кортина падна по само 13 секунди и доживеа тежок пад, по што со хеликоптер беше префрлена во болница.

Последните информации се дека таа ја скршила левата нога врз која и е извршена операција.

Само два месеци пред почетокот на Олимписките игри Линдзи Вон ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено, па сега со најновата повреда, тоа ќе значи крај на нејзината кариера.

Линдзи Вон е ветеранка и веќе има 41 година.

 

Слични новости

Руската тенисерка Елена Рибакина победничка на Австралија опен

Руската тенисерка Елена Рибакина победничка на Австралија опен

Руската тенисерка со казахстански пасош Елена Рибакина денеска стигна до својата втора Гренд слем титула откако во финалето на Австралија опен ја победи најдобрата тенисерка на светот Арина Сабаленка со 2:1 во сетови 6:4, 4:6 и 6:4.