Научно -фантастичниот филм со диносауруси на студиото Ворнер „Крајот на улицата на дабовите“ викендов ја имаше светската премиера со солиден успех на кино благајните. Филмот во САД заработи 21 милион долар и изби на третото место на Бокс офисот, а на интернационалните пазари заработи 24 милиони долари.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Ен хатавеј и Јуан МекГрегор, а режисер на филмот е Дејвид Роберт Мичел.

Викендов премиера имаше и филмот „На работ од војната“ со Џеф Даниелс, Џеред Харис и Џ.К. Симонс за клучните преговори меѓу Реган и Горбачов кои доведоа до паѓањето на железната завеса, но филмот забележа слаб комерцијален успех.

Слични новости

На продажба касети со приватни разговори и пробите на „Оејзис“

На продажба касети со приватни разговори и пробите на „Оејзис“

Архивата на британскиот бенд „Оејзис“ која содржи повеќе од 100 часа снимки од концерти, проби, саундчекирања и приватни разговори на членовите на бендот, ќе биде понудена на аукција во Велика Британија, а се проценува дека ќе достигне до 1,6 милиони фунти