Научно -фантастичниот филм со диносауруси на студиото Ворнер „Крајот на улицата на дабовите“ викендов ја имаше светската премиера со солиден успех на кино благајните. Филмот во САД заработи 21 милион долар и изби на третото место на Бокс офисот, а на интернационалните пазари заработи 24 милиони долари.
Главните улоги во филмот ги толкуваат Ен хатавеј и Јуан МекГрегор, а режисер на филмот е Дејвид Роберт Мичел.
Викендов премиера имаше и филмот „На работ од војната“ со Џеф Даниелс, Џеред Харис и Џ.К. Симонс за клучните преговори меѓу Реган и Горбачов кои доведоа до паѓањето на железната завеса, но филмот забележа слаб комерцијален успех.
Слични новости
Со 48 настани и над 700 уметници „Охридско лето“ го заокружи 66. фестивалско издание
Со четириесет дена исполнети со музика, театар, балет и џез, фестивалот „Охридско лето“ и ова лето ја потврди својата позиција како еден од најзначајните културни настани во земјава и препознатлива европска фестивалска сцена.
Научниците предупредуваат дека алпските глечери се топат се побрзо и може сосема да исчезнат
Глечерите на Алпите се топат многу брзо и за неколку децении би можеле целосно да исчезнат, покажа најновото истражување. Од 2000 година површината на глечерите е намалена за 39 насто како последица на глобалното затоплување.
Корејската убавица која ги труеше мажите на состаноците се соочува со смртна казна
Обвинителството во Јужна Кореја побара смртна казна за Ким Со Јонг обвинета дека во Сеул им давала на мажите со кои се состанувала напитоци со силни психоактивни лекови, при што дбвајца мажи починаа, а четворица преживејаа.


