Поранешниот британски принц Ендру Маунтбатен-Виндзор, кој се соочува со обвинувања за сексуална злоупотреба, предизвика бунт меѓу кралскиот персонал во Сандрингам, една од резиденциите на британското кралско семејство, кои одбиваат да му служат иако дознава британскиот  таблоид „Сан“.

Вработените во кралскиот имот во Норфолк биле информирани дека можат да одбијат да му служат на Ендру ако тоа им создава непријатност, и досега, тврдат тие, е формиран „долг список“ на персонал кој одбива да работи за него.

Ендру веќе плати милиони долари за да реши граѓанска тужба за сексуален напад од Вирџинија Џуфре, додека тој постојано негираше какво било кривично дело.

Но, новите документи поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн продолжуваат да ги прогонуваат Ендру и кралското семејство.

 

Слични новости

Брус Спрингстин ја објави „Streets of Minneapolis“, песна за убиените Алекс Прети и Рене Гуд

Рок иконата Брус Спрингстин објави протестна песна со наслов „Streets of Minneapolis“, која им ја посвети на жителите на Миннеаполис, како и на Алекс Прети и Рене Гуд, кои овој месец беа убиени од федерални агенти.